За компанијата
Друштво за трговија и услуги ХАЈК АТАК ДООЕЛ Виниче Скопје е нова перспективна компанија на пазарот во Македонија. Специјализирана е за продажба на висококвалитетна опрема за планинарење, кампување и тактичка опрема од светски познати брендови. За производите ќе се потрудиме да Ви обезбедиме подетални информации, како за составот, така и за начинот на нивно користење и третирање.
Во продажба ги нудиме следниве брендови:
MIL-TEC, Magnum, Hi-Tec, 5.11, Masters, Salomon, Tasmanian Tiger, Аxon, Boker, ELBRUS итн. Целосната листа на сите брендови може да ја погледнете на следниов линк.
Исто така во нашата понуда многу скоро ќе може да најдете и производи и опрема за високкогорство и експедиции.
ЦЕЛ И СТРАТЕГИЈА
Целта на Хајк Атак е да понуди најдобри производи со непобедливи цени. Компанијата ќе понуди добар, квалитетен производ и колку е можно подобра услуга, со цел купувачот да го добие она што го посакува и сѐ со цел да се оствари колку е можно подобра и подолгорочна соработка.
Во исто време, компанијата ќе биде водена од коректно и професионално однесување кон своите клиенти во насока на одговорно водење на бизнисот.