Мени
Вашата Кошничка

Услови за испорака

Рок на испорака

Откако ќе добиете потврда за креираната нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава. Рокот на испорака е 5 работни дена. Сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден бидејќи работното време на тимот кој ја припрема испорака на нарачаните производи е од 9 до 17 часот во текот на работната недела.

Превземање на пратки

Курирската служба (екстерна фирма која ја врши доставата за нас) пратките ги доставува на адресата за испорака секој работен ден 9 до 17 часот, и сабота од 9 до 14 часот. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. Испораката на пратките се врши само на наведената адреса на вашата нарачка. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број +389 70 385 386 или по пат на e-mail . Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.

Цена на Испорака

Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 2990 ден. е бесплатна!
За нарачки чија вредност е помала од 2990 ден. цената на достава изнесува 150 ден.

Напомена

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето КУПИ СЕГА, согласни сте со условите за испорака.